Банкси во Лондон го создаде третиот мурал со животни за една седмица


Мистериознот славен уличниот уметник Бански насликал уште едно дело во Лондон, трето од неговата колекција со животни, овојпат со мајмуни, објави BBC во четвртокот.

Анонимениот уметник од понеделникот на социјалните мрежи објави три дела со животински силуети. Во средата, тој ја објави најновата, фотографија од три мајмуна на мост во близина на железничката станица во Источен Лондон.

Џејмс Пик, авторот на емисијата „The Banksy Story“ на BBC, изјави дека Банкси очигледно ја започнал кампањата со животни што ги сместува во различни делови на британската престолнина.

„Каде ќе се појави следното? Никој не знае, многу е возбудливо ако сте фан на Банкси и брилијантна работа за Лондон во август“, реле Пик.

Уличниот уметник досега го украси Лондон со три мајмуна, два слона и една коза. На социјалните мрежи, Банкси не стави опис до своите нови дела и на тој начин поттикна дискусии за нивното значење.

Делата на Банкси, кои покренуваа прашања за социјалната нееднаквост и лицемериот на властите, се многу популарни. Уметникот уште успева да го зачува својот вистински идентитет во тајност, а нокој освен неговите најбслиски соработници, не знае како то изгледа и како навистина се вика.

Во 2010 година Банкси го претстави документарниот филм „Излез преку продавница за сувенири“. Банкси сними и документарен филм „Направете ѕид!“ во кој зборува се својата работа, но неоткривајќи го лицето. Филмот во 2011 година беше номиниран за Оскар за најдобар документарен филм.

Графитот „Девојчето со балон“, кој е направен на матрица, се смета за едно од најпознатите дела на уметникот. Единствената копија од оваа слика на платно е насликана од самиот уметник во 2006 година. Пред наддавањето сликата беше проценета на вредност меѓу 250 и 400 илјади долари.

Британските општини инаку трошат илјадници фунти на одржување на неговите ѕидни дела а постигнуваат и високи цени на наддавањата на спротивниот брег од Атлантикот. Во февруари 2013 година познат графит на Банкси, графитот „Робска работа“ (Slave Labour), кој прикажува момче наведнато врз машина за декорирање на британски знамиња, кој се појави на ѕидот на една куќа во кварт во северен Лондон во мај 2012 година, предизвика негодувања на локалното население откако таинствено исчезна од ѕидот. Неколку дена подоцна графитот се појави на интернет страницата на аукциска куќа Fine Art Auctions Miami од Мајами и требаше да биде понуден на наддавање. Почетната цена беше 700 илјади долари. Исчезнувањето на графитот на Банкси, чиј идентитет не е познат и покрај неговата светска слава, предизвика бес меѓу локалните жители, па за враќање на графитот се заложи и локалниот совет на квартот Харингеј. Тој се обрати до англискиот Совет за култура соопштувајќи дека локалните жители се многу среќни поради повторната појава на цртежот на Банкси но и многу „шокирани“ дека тој е изложен на приватна аукција.

Инаку тоа не беше првпат графит на анонимниот но прославен урбан уметник под псевдоним Банкси да биде понудено на аукција. Така во септември 2012 година графитот на Банкси „Вини Пу“ од 2003 година беше понуден на аукција на урбана уметност во организација на аукциската куќа Bonhams којашто се одржи во Лос Анџелес, кој беше проценет на цена меѓу 50 и 80 илјади долари. Цртежот го прикажува познатиот лик на илустраторот Е.Х Шепард со нога фатена во стапица за мечки, призор кој инаку не припаѓа на вистинските епизоди за авантурите на малото меченце, иако во една од тие Вини Пу и Прасенцињата поставуваат стапица за Слончето.

Делото потекнува од Бристол, родниот град Банкси, а беше понудено на наддавањето заедно со сликите „Lenin on Rollerblades“ (Ленин на ролшуи) „Who Put the Revolution on Ice?“ (Кој ја стави револуцијата на мраз?), исто така од 2003 година, како и „Precision Bombing“ (Прецизно бомбардирање), едно од најпознатите и најпрепознатливи дела на Банкси, чија вредност се проценуваше тогаш меѓу 35 и 45 илјади долари. Меѓутоа, по големиот интерес што го покажаа во 2012 година калифорниските колекционери, цените на графитите на Банкси речиси десеткратно се зголемија.

Се претпоставува дека Банкси, кој својот идентитет љубоморно го држи во тајност, е роден во Бристол, југозападна Англија. Уметникот ги создава своите дела мешајќи го хуморот со критиката, така во Њу Орлеанс ги ослика ѕидовите по ураганот Катрин а на Западниот брег (на реката Јордан) ѕидот кој ги разделува Израелците и Палестинците.

- Реклама -