Барајќи совршен агол за „селфи“, го изнасмеа цел свет

„Селфи епидемијата“ се чини дека никако не стивнува. Доколку сметате дека и вие сте едни од „заразените“ со само-фотографирањето, еве една девојка која ќе ве увери дека може да е и полошо. Едноставно, до овој степен не е можно да сте претерале.

Жената која го направила ова видео останала во шок додека ја набљудувала девојката покрај базенот, која буквално успеа да се фотографира од секој можен агол.

Доколку успеавте да се поистоветите со „уловената“ нарцисоидна девојка, тогаш барем обидете се ваквата фотосесија да не ја правите на јавни места.

- Реклама -