Барселона го освои шпанскиот Супер Куп

Поради гол постигнат во гости, Барселона го освои шпанскиот Супер Куп, немаше погодоци на синоќешниот реванш натпревар против Атлетико Мадрид.
Навивачите навикнаа да гледаат ефикасни натпревари кога играат Барселона и Атлетико Мадрид, но синоќа не беше така, реванш натпреварот од Супер Купот заврши без голови.

Првиот дуел одигран на Висенте Калдерон заврши 1-1, па Барселона благодарение на тој гостински погодок на Нејмар, го освои Супер Купот на Шпанија.

Атлетико Мадрид заработи два црвени картони, првиот го доби Филипе поради удар со лакт на Дани Алвеш.

Вториот беше за Арда Туран но тој не влијаеше на бројот на играчи на Атлетико бидејќи беше доделен надвор од теренот.

Прочитајте и:  Барселона казнета со 500.000 евра поради лажни финансиски извештаи

Во финишот од натпреварот Меси ја имаше најголемата шанса, ѕвездата на Барса не реализираше пенал, топката заврши во пречката од голот на Куртоа.

Пеналот беше досуден откако Педро беше соборен во шеснаесетникот на Атлетико Мадрид.

Ова беше првиот трофеј за Тата Мартино на кормилото на Барселона.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -