Башар Асад се сретнал со Владимир Путин во Москва.
Сирискиот претседател Башар Асад ја посетил Москва вчера, за да одржи преговори со рускиот колега Владимир Путин. Ова го соопшти портпаролот на државната глава на Русија, Дмитриј Песков.
„Вчера вечерта во работна посета, претседателот на Сириската Арапска Република Башар Асад ја посети Москва”, информираа од Кремљ.
Разговорите со Путин биле спроведени во тесен, а потоа и во широк состав со учество на претставници на највисокото раководство на Русија.
Асад веќе е вратен во Дамаск.