Базар на веќе употребена облека, накит, книги и детски играчки во „Јавна соба“

Базар на веќе употребена облека, накит, книги и детски играчки (second hand) ќе се одржи в сабота (11 мај) од 11 до 15 часот во „Јавна соба“ во Скопје. Посетителите можат да си набават добро сочувано парче гардероба, чевли, накит, книга или можеби некоја играчка. Ќе има бројни штандови со разноразни парчиња кои дефинитивно заслужуваат втора шанса.

– Во еден забавен, опуштен и пријателски амбиент, има повеќе причини зошто е подобро да купувате работи од втора рака: штедите пари, ѝ помагате на животната средина и зачувувањето на природните ресурси, поддржувате локален и мал бизнис – велат организаторите.

Културата на рециклирање и рекреирање на веќе постоечкото е тренд во големите градови.

Скопје полека ја прегрнува оваа нова филозофија, но колку е поголема и подобра понудата – толку повеќе ќе има интерес од страна на потрошувачите и ќе има поголем успех.

- Реклама -