Бебе оставено пред Домот во Битола, се бара каде е родено

Синоќа доцна вечерта, околу 23:45 часот, пред вратата на Домот за доенчиња во Битола било пронајдено бебе старо не повеќе една недела, оставено на прагот.

Според информациите на полицијата, се работи за женско бебе, а за случајот е известен и Центарот за социјална работа во Битола, по што социјален работник излегол на терен и разговарал со 50-годишното лице кое го пронашло бебето.

Како што известува дописничката на „Слободен печат“ од Битола, според првичните преземени дејствија и алката која се наоѓала околу зглобот на бебето, се работи за новороденче родено во Прилеп, но ова сознание дополнително треба да се потврди. Единствено што можело да се констатира е дека не е родено во Битола.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство

Неофицално во градот кружат гласини дека двајца мажи бебето му го оставиле на граѓани во неговите раце откако претходно прашувале на која локација се наоѓа Домот за доенчиња во Битола. Граѓанинот од таму со бебето в раце пријавил во полиција, пишува „Слободен печат“.

Е.Д.

- Реклама -