Бебе што се роди во авион доби доживотно бесплатни летови со компанијата

На летот Данан-Кочи на компанијата Џет Ервејс, на висина од 10.000 метри, во неделата се роди бебе. Летот бил пренасочен кон Мумбај, ама на бебето не му се чекало.

Во авионот немало ниту еден доктор, но меѓу патниците се нашла медицинска сестра која му асистирала на екипажот во породувањето. По слетувањето мајката и бебето се згрижени.

За подарок, авиокомпанијата на бебето му подари бесплатни авионски карти за цел живот. „Бидејќи ова е прв случај да се роди бебе во авион на нашата компанија“, велат, „со задоволство му подаруваме доживотна пропусница за сите летови на Џет Ервејс“.

Само минатата година во авион се родени пет бебиња, а авиокомпаниите им подаруваа карти до 21 година, карти со ограничен број на поминати километри, или едноставно парични награди.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
- Реклама -