Кога Zou Hongyan го родила својот единствен син во 1988 година, поради компликациите при раѓањето бебето останало инвалид за цел живот, со церебрална парализа. Докторите во родната провинција на Зоу ја советувале да се откаже од синот – став што го делел и таткото, бидејќи момчето го очекува мизерен, безвреден живот. Меѓутоа, Зоу одбила, се развела од таткото на бебето, и си поставила за мисија да го негува и израсне нејзиниот син во нејзина гордост, макар и никој друг да не сака да ѝ помогне.
Работела и по три работи истовремено за да го издржува нејзиното мало семејство, но во меѓувреме не престанувала да игра игри за развивање на мозокот со синот Динг Динг, сé со цел да ги стимулира неговите сетила и да ја постави основата на неговата интелигенција. Дури и го научила да јаде со стапчиња, иако неговите крути раце одвај можеле да ги држат.
„Не сакав да се чувствува засрамен поради своите физички проблеми“, рече мајката за South China Morning Post. „Бидејќи имаше инфериорни способности во многу области, јас бев посебно строга кон него и го терав напорно да работи за да надомести“.
29 години подоцна, истово ова момче – Динг Динг, е дипломец на универзитетот во Пекинг, со диплома по природни науки и инженеринг. Од неодамна, почнал и да студира право на Харвард.
Којзнае колку е горда мајка му што сиот тој натчовечки труд и сила се исплатела. Таа воедно и му дава ново значење на терминот „азиски родител“ кој можеби настана како интернет заебанција, но во случајов е сé освен тоа. Да резимираме: Колку се мајки? Една е, се знае.