Бебињата со тројца родители на пат да станат реалност

mgzqhmyh-1406906736[1]

Теоретскиот и прилично контроверзен метод на ин-витро оплодување на јајце клетка со дополнително вклучување на гени од трет човек има доста долга историја.

По години и години ограничени истражувања и тестови со донатори, научниците од Универзитетот во Њукасл за првпат успешно одржаа експеримент со нивната терапија за замена на митохондии (MRT) во живи човечки ембриони. Ако техниката се покаже доволно безбедна, наскоро ќе можат да почнат и клиничките тестови – во наредните две години.

MRT ги заменува дефектните митохондрии кои се предаваат од мајката на ембрионот – со здрави верзии од друг женски донатор. Митохондриите се малите фабрики за клетки – тие ја обезбедуваат енергијата на организмот. Дефекти во овие структури доведуваат до дегенеративни заболувања кај бебињата. Кај MRT, бебето со (фактички) тројца родители ги наследува повеќето гени од таткото и мајката, додека третиот (донаторот) во гените има придонес од само 0.2%. Притоа, во нив не спаѓаат такви што ги контролираат карактеристиките како растот, бојата на косата и слично.

Прочитајте и:  По години неуспешни обиди, 61-годишна Македонка го роди своето прво дете - медицината во Македонија на ниво со светските достигнувања

150224-three-parent-bb[1]

Екипата од Њукасл покажа дека MRT работи уште во 2010-та, а оттогаш научниците го усовршуваат методот. При претходните експерименти, дел од неисправните митохондриите се предаваа и на ембрионот. Сега, по 200 успешни MRT процедури, 79% од тест ембрионите имале под 2% дефектни митохондрии (деца со под 30% дефектни митохондрии обично не развиваат дегенеративни заболувања). Методот сепак не е совршен – некои од вградените клетки покажуваат висок процент на дефекти во ДНК-та, по делбата. Од друга страна, не се знае како ќе се одрази методот на повеќе од една генерација, па веројатно првите тестови со луѓе ќе бидат спроведени со машки ембриони (само жените можат да пренесуваат неисправни митохондрии).

Владата на Велика Британија, патем, даде дозвола за тестирање со јајце-клетки од донатори уште во февруари 2015, и покрај протестите од Црквата на Англија и други организации.

- Реклама -