Владата не е таа што ќе го има последниот збор околу ингеренциите врз Општина Сарај, порачува градоначалникот Блерим Беџети, пренесува „САКАМДАКАЖАМ.мк“.
Доколку Владата истите му ги одземе поради случајот со дивите платформи на Матка, Беџети порача дека ќе организирал референдум на кој по тоа прашање ќе се изјаснат жителите на Сарај.
Тој додава и дека платформите не му биле приоритет, бидејќи Општина Сарај имала поголеми проблеми за решавање.