Имиграционата служба на Финска во партнерство со јавни организации започна програма за едукација на бегалците за сексуалните норми во земјата, пишува финскиот весник Ilta-Sanomat.
Според изданието целта на програмата е да им се објасни на барателите на азил разликата помеѓу нивната култура и полибералната на запад. Исто така ќе им се зборува за родовата еднаквост. Организаторите на просветните кампања планираат да им објаснат на мигрантите дека силувањето е надвор од законот и дека не треба да се преземат интимни активности без дозвола на спротивната страна.
Раководителите на центрите за прием на бегалци објавија дека новодојдените имаат тенденција да учествуваат во програмата.
„Во Финска секој има право на помош“, соопшти претставник од сличен центар, додавајќи дека во случај да се појават жртви на сексуална агресија, медицински лица и психолози ќе се обидат да помогнат.