Бегалците во Германија се преполовија

Бројот на бегалци кои пристигнаа во Германија е преполовен за изминатиот месец, покажуваат податоците на полицијата во земјата.

begalci

Од почетокот на месецот до 20 декември речиси 73 000 мигранти се регистрирани, што е намалување во споредба со 170 000 луѓе во текот на истиот период претходниот месец.

Падот на новодојденците најверојатно се должи на лошото време во Егејското Море, како и на зголемената контрола на надворешните граници на Турција.

Германија е главната финална точка на миграцискиот поток поради социјалната помош и либералните процедури за сместување. Се проценува дека во последната година околу 1 милион луѓе биле прифатени во земјата.

Минатата недела канцеларката Ангела Меркел најави нова програма за “намалување” на бројот бегалци откако се соочи со критики и незадоволство од граѓаните и коалициските партнери.

Од пристигнатите луѓе овој месец речиси 6000 минуваат низ Германија на пат кон скандинавските држави, со што бројот на бегалците кои останаа во земјата, падна уште повеќе – до 68 000 луѓе.

- Реклама -