Британскиот актер Кристијан Бејл, кој три пати го гледавме во улогата на Бетмен, во филмот „Justice League“ нема да го игра овој стрип јунак.
На почетокот на годинава медиумите пишуваа дека Бејл е во преговори за улога во филмот во кој повеќе суперхерои ќе се здружат против злото, нешто како блокбастерот „The Avengers“.
Актерот рекол дека не е заинтересиран да ја репризира култната улога на Бетмен.
„Честа три пати да се глуми Бетмен е огромна. Доста е. Да не бидеме алчни“, рекол 39-годишниот актер.