Низ Лос Анџелес се организираат илјадници тури, низ Холивуд, по Беверли Хилс, насекаде каде што живеат и работат славните личности од чии животи сакаме да зграбиме колку што е можно поголем дел. При една ваква тура, посетителите добиле многу повеќе од платеното – Дејвид Бекам гол.
Како што автобусот се приближувал кон еден пошумен дел, туристите забележале дека од шумата се појавува човек во тесна долна облека. Тој човек бил токму Дејвид Бекам. Славниот фудбалер со насмевка и весели извици ги поздравил зачудените посетители на турата и без никаков отпор се предал на фото сесијата.
Се испостави дека 37 годишниот Бекам во моментот бил на снимање на реклама за H&M и претходно имал уште една, професионална фото сесија во тесната долна облека, која наскоро ќе се појави по медиумите. Едвај чекаме!