Белата куќа синоќа излезе со претпоставка дека Кремљ е одговорен за смртта на Евгениј Пригожин, лидерот на приватната воена компанија „Вагнер“ кој минатата недела загина во авионска катастрофа.
„Сите знаеме дека Кремљ има обичај да ги убива своите протвници. Совршено јасно е што се случило“, изјави синоќа на прес брифинг портпаролката Карин Жан-Пјер.
Слично мнение претходно искажа и претседателот на САД, Џо Бајден.
„Малку работи во Русија се случуваат а зад нив да не стои Путин“, изјави Бајден.
Во разговор со новинарите тој укажа дека засеге на поседува доволно информации да се каже дека тоа е вистина и додаде дека САД се стремат да дознаат како бил урнат авинот.
Пригожин загина минатата недела кога авионот во кој леташе се урна недалеку од Москва. Се вртат разни верзии за тоа која е причината за уривањето, од подметната експлозивна направа до ракетен удар.
МИА