Белгиец осуден за смртта на седуммина: Се снимал за социјалните мрежи додека управувал со возило

Фалцоне прогласен за виновен за убиство на седум лица во трагична несреќа

Белгискиот возач Паоло Фалцоне (38) е прогласен за виновен за убиство на седум лица, откако со својот автомобил влетал во карневалска поворка, додека снимал видео за социјалните мрежи. Овој трагичен настан се случи во март 2022 година во градот Ла Лувиер, во јужна Белгија. Судот утврди дека Фалцоне е одговорен за смртта на учесниците во традиционалната карневалска прослава. Казната ќе биде соопштена следната недела, а му се заканува затворска казна до 30 години.

Според обвинителството, Фалцоне, кој веќе имал предходни казни за пречекорување на брзината и управување под дејство на алкохол, управувал со неговото BMW со брзина од 170 километри на час во зона каде ограничувањето било 50 километри на час. Тој се враќал од ноќен клуб во раните утрински часови и не бил свесен дека на улицата се наоѓаат учесници во карневалската поворка. Испитувањата покажале дека во моментот на несреќата снимал содржини за социјалните мрежи и не внимаваше на патот.

Прочитајте и:  Македонските кошаркари со победа над Словачка го започнаа младинското европско првенство

Шест лица ги загубиле животите на самото место, додека седмата жртва подоцна им подлегнала на повредите во болница. Околу 40 лица биле повредени, од кои некои останаа со трајни последици. За време на судењето, Фалцоне изразил искрено каење и признал дека често се снимал додека возел со голема брзина. „Во целост признавам дека се снимав додека возев со луда брзина. Често го правев тоа. Се однесував како целосен идиот“, изјавил тој пред судот.

Поради големата медиумска покриеност и револтот на јавноста, судењето се одржало пред порота, што е редка практика во случаи на сообраќајни несреќи во Белгија. Виновен бил прогласен и совозачот на Фалцоне, кој е обвинет за непружање помош на лица во опасност, за што му се заканува затворска казна до две години.