Белиот леб, шунката и павлаката го скратуваат животот

Одредени намирници кои секојдевно ги конзумираме го скратуваат животниот век.

Едно неодамнешно истражување покажало дека лицата кои јадат пржено или црвено месо, слатка павлака, бел леб, путер и павлака имаат двојно поголем ризик да умрат прерано или да бидат тешко болни во текот на староста.

Исхраната која се базира на брза и нездрава храна лошо влијае на луѓето, а некои земји веќе се соочуваат со нејзините последици. Само во Велика Британија таканаречената „западна храна“ влијае на тоа годишно во оваа земја од срцеви болести да заболат околу 94 000 луѓе.

C0109_JunkFood_01

Истражувањето било спроведено на 3 775 мажи и 1 575 жени на просечна возраст од 51 година, во периодот од 1985 до 2009 година. Нивната здравствена состојба била следена низ болнички наоди, а на секои пет години научниците откривале дека стапката на смртност и хронични болести се зголемува.

Од вкупниот број на испитаници, само четири проценти доживеале нормална старост, 12 проценти кои се хранле со класичната „западна храна“ доживеале мозочен или срцев удар, додека дури 3% починале од кардиоваскуларни болести.

 

- Реклама -