Бенетон за претстојната пролет

И оваа пролет Бенетон ќе не почести со колекција во силни бои и впечатливи принтови кои влеваат оптимизам. Италијанската модна куќа United Colors of Benetton веќе неколку години ги користи боите на виножитото како универзален метод за изразување на личноста преку оригиналните парчиња облека.

Во рекламната кампања пролет – лето 2013 година се појавуваат туниската убавица Хана Бен Абдеслем, актерката и внука на Чарли Чаплин, Кира Чаплин, Елетра Видеман – непоправлив борец за екологија, борецот за права на животните Марио Гало, екс – боксерот Дадли О’Шонеси и низа други лица кои пред се се борци за употреба на природните ресурси во изработката на облеката.

Целата колекција на Бенетон е создадена од еко – материјали кои не се штетни за животната средина. Погледнете дел од рекламната кампања!

bb bf bgbv dff fdgf fggg hnh s sd

- Реклама -