Бентанкур суспендиран на седум натпревари поради расизам


Уругвајскиот фудбалер Родриго Бентанкур е казнет од Англискиот фудбалски сојуз со седум натпревари и 100.000 англиски фунти поради расистичка изјава.

Бентанкур, фудбалер на Тотенхем, навредливо се осврнал на својот соиграч, јужнокорејскиот играч Хеунг-Мин Сон, во интервју за една уругвајска телевизија во текот на јуни.

„Дресот на Сон? Може да биде и дресот на неговиот братучед, бидејќи сите тие изгледаат исто“, се истрчал Бентанкур, но брзо се извини за таквите зборови, нагласувајќи дека сѐ испаднало како многу лоша шега.

После тоа, Сон за англиските медиуми истакна дека меѓу него и Бентанкур нема никакви проблеми и дека имаат добри односи како и досега.

Сепак, поради расни навреди, Англиската фудбалска асоцијација (FA) покрена постапка против Уругваецот и сега заедно со паричната казна, тој е суспендиран на седум натпревари во Англија. ФА на се додаде дека уругвајскиот фудбалер „сериозно го прекршил правилото на однесување на фудбалерите“.

Во 2022 година, 27-годишниот Бентанкур дојде во Тотенхем од Јувентус.

- Реклама -