Се сеќавате на сите закани од тато и мама додека бевте непослушно дете? Сметајте се за среќни, затоа што за некои деца се остваруваат.
Така, Расти Фред, бербер од Атланта, во својата понуда има „Бенџамин Батон Специјал“ фризура, која всушност е „благороден“ метод за родителите да го казнат своето непослушно дете.
Тој ја објави следнава фотографија на Инстаграм и одтогаш стана вистински онлајн хит.
„Има некои луѓе што велат дека е емотивно злоставување, но всушност, речиси сите аплаудираат на мајката што го донесе своето дете, а ми аплаудираат и мене“, вели Расти за Вашингтон Пост.
„Кога сакате да ги дисциплинирате вашите деца во ова денешно време, не смеете да користите физичка казна како што можеа да користат родителите во минатот. Сепак, родителите мораат нешто да преземат. Ако тоа не се случи, децата завршуваат правејќи лудости, а тогаш секој ќе рече дека проблемот потекнува од дома“.
Ние лично ја поздравуваме идејава, а воедно им упатуваме и апел на лошковците што читаат: „Бидете послушни, за да не носите Бенџамин Батон фризура“.