Берлин го менува законодавството, полесно ќе се добива германско државјанство

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фасер денеска претстави делови од нацрт-закон со кој треба да се олесни добивање германско државјанство, па така наместо со осум ќе може да се побара по пет односно три години легален престој.

„Наместо сегашните осум години, државјанство ќе може да се добие по пет години легален престој, а во случај на многу успешна интеграција и по три години“, изјави таа пред германските новинари. Под многу успешна интеграција таа подразбира брзо учење германски јазик и добро вклопување во работниот или образовниот систем на државата.

„Нацрт законот е подготвен и испратен во надлежните миистерства за проверки“, соопшти денеска МВР на Германија. Деталите од законот веќе се договорени меѓу партиите од владејачката коалиција.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Според нацрт-законот, деца родени во Германија автоматски добиваат државјанство ако еден од родителите најмалку пет години легално престојува во Германија.

МИА

- Реклама -