Берлинската клуб комисијa која ги поврзува берлинските техно клубови и музичари, го опиша овој потег како „уште една пресвртница за берлинските техно продуценти, уметници, клубови и организатори на настани“.
„Одлуката ќе ни помогне да обезбедиме клупската култура да биде препознаена како вреден сектор достоен за заштита и поддршка“ изјави Луц Лајхсенринг,член на одборот на Клуб-комисијата.
Повеќе од една деценија имаше кампања за додавање на техно културата и музиката на листата на УНЕСКО, предводена од Rave the Planet, непрофитна организација за поддршка на електронската музичка култура.
„Честитки до сите културни творци кои ја обликуваа и придонесоа за берлинската техно култура“, се вели во соопштението на групата на социјалните мрежи. „Ова е голема пресвртница за целата култура, а нашата радост неможе да се опише “.
Статусот на нематеријално културно наследство почесто им се доделува на традиционални и културни активности. Меѓутоа, неодамнешното признавање на списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на јамајканското реге и огромниот индиски фестивал Кумб Мела, ги поттикна лидерите на техно заедницата во Берлин да се залагаат и нивната сцена да биде вклучена во списокот на УНЕСКО.
Техното е фундаментален дел од градот, според Питер Кирн, диџеј и музички продуцент од Берлин.
Техно сцената е една од шесте нови записи на листата на нематеријално културно наследство во Германија; други вклучуваат овошно вино и планинарење. Парадата во Баварија позната како Kirchseeoner Perchtenlauf, каде присутните се облекуваат како крзнени чудовишта, исто така беше додадена на листата.