Театар Куманово ќе го одбележи 27 март, Ден на театарот со посета на ученици и изведба на две претстави за кои влезот ќе биде бесплатен.
Во 12:00 часот во посета ќе бидат ученици од основно училиште на албански наставен јазик кои ќе го посетат Театарот и Центарот за култура, а ќе присуствуваат и на проба и ќе се запознаат со процесот на создавање на театарска претстава.
Во 16:00 часот ќе биде изиграна претставата за деца „Црвенкапа“ во малата сала.
Во 19:00 часот ќе биде изиграна претставата „Соsвездија“ кога ќе бидат прочитани и пораките по повод Денот на тетарот 27 март, од Коле Ангеловски и Јон Фосе.
Бесплатните билети за двете претстави може да ги подигнете во среда на 27 март на билетара во Центар за култура од 11:00 часот наутро до 19:00 часот.
Билетите ќе бидат по принциот прв дојден прв услужен, информираат од НУЦК „Трајко Прокопиев“ и Театар Куманово.