Членови на форумот CivicX успеаја да „фатат“ прототип од следното поколениe на Honda Civic без маска. Автомобилот е снимен во Мичиген и секако ова е американската верзија.
На прв поглед се забележуваат сличности со претходнара генерација, а она што остава посебен впечаток се сериозно зголемените димензии, кои се очекува да дадат главно одраз на просторот во внатрешноста, односно повеќе место за нозете и главата во вториот ред седишта. Клиентите во Америка ќе можат први да стигнат до новиот модел, а како што е познато таму е достапна само седан верзијата. Потоа ќе се појави и купе, а за Европа е предвиден целосно нов хечбек, кој ќе пристигне подоцна.
Што се однесува да моторите, Јапонците веќе ветија дека ќе постават нов 1.5-литарски турбо бензински со моќност од 140-160 КЅ. Новина ќе биде и 6-брзинскиот мануелен менувач и и нов безстепен со познатата CVТ технологија.