Безвременска кожна јакна

Кожната јакна е кралица на уличната мода која на секој му дава впечатлив рокерски или пак заводлив имиџ.

Иако е наменета за преодните сезони благодарејќи на нејзината практичност и популарност, ова е парче облека кое никако не го тргаме од плакар и секогаш спремно за носење.

Кожната јакна е совршен моден сојузник која пркоси на сите годишни времиња. Многумина ја споредуваат нејзината безвременост со малиот црн фустан, бидејќи никогаш не излегува од мода.

 

Апсолутниот владетел на уличната мода и сојузник на секој стил, особено популатна оваа есен се црната, зелена, црвена и беж боја.

 

- Реклама -