Во Бигорскиот манастир со празничко богослужение се одбележува празникот посветен на светите апостоли Петар и Павле.
Преку празнично богослужение, крунисано со Божествена Евхаристија, со претстојателство на епископ г. Партениј, игумен на манастирот, со љубов го изврши празничниот спомен на врвот на Апостолите, Божествените благовесници, велат од манастирот.
Оттаму додаваат дека на 12 јули е хиротонисан епископот Партениј.
На овој празник си спомнуваме и за хиротонијата во епископски чин на нашиот сакан Старец, и по тој повод, од името на нашето братство и сестринствата, нашиот собрат архимандритот г. Доситеј му подари архиерејска митра, која е белег на владичкото достоинство, а го означува трновиот венец на Господа Исуса Христа. Од сѐ срце на нашиот сакан Старец му ја честитаме годишнината и му посакуваме долгоденствие, сила и поткрепа одозгора, за да истрае во тешкиот подвиг, духовниот товар и големата одговорност пред Бога и народот, велат од манастирот.
На 12 јули 2020 година, Партениј беше хиротонисан за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, со празнична Божествена литургија одржана во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид.