Федералната управа за инспекциски работи (FUIP) на БиХ објави список со имиња на лицата кои не се придржуваат до издадените наредби за изолација. Истото во текот на денот ќе го направи и Република Српска.
Според податоците што ги пренесува Радио Сараево, изадени се вкупно 14.821 решение за ставање на лица под здравствен надзор, ограничено движење или изолација во период од 14 дена.
Во последните 24 часа на подрачјето на БиX се контролирани 2.225 лица на кои им е изречена мерка домашна изолација, а утврдено е дека 27 од нив не ја почитувале мерката, поради што им се изречени прекршочни казни.
Во Република Српска, во последните 5 дена се контролирани 10.257 лица, од кои 129 не ја почитувале мерката домашна изолација.
Извор: Ал Џезира Балканс / Агенции