Бијонсе на насловната на британскиот „Вог“

Таа важи за една најмоќните и најуспешните жени во светот, но кога ја прашуваат дали е феминистка, Бијонсе тврди дека тоа не е вистинскиот збор кој ја опишува.

Позирајќи за новото издание на британскиот „Вог“, 31-годишната пејачка дискутираше за тоа како се чувствува кога луѓето ја нарекуваат феминистка.

article-2303121-190D8D9E000005DC-269_634x780

„Кога ме прашуваат дали се сметам за феминистка, јас им одговарам дека тоа е збор кој може да биде многу екстремен. Но, претпоставувам дека сум на некој начин, модерна феминистка. Верувам во еднаквоста. Зошто да мораме да избираме какви жени сме? Зошто да мораме да се етикетираме? Јас сум само жена, и обожавам да бидам жена. Сепак, јас сум среќно мажена и го сакам мојот сопруг.“

05-13coverVO43276-001.pdf

- Реклама -