Жените постари од 39 години не треба да носат бикини

Жените кои наполните 39 години треба да се откажат од бикинито и на плажа да носат позатворен модел на костим за капење, смета британската јавност, а покажуваат резултатите од анкетата на сајтот isme.com.

Како што пренесува Daily Mail, дури седум од десет британци сметаат дека откако ќе ја наполнат 39-та година, жените не треба да облекуваат бикини додека се на плажа или на базен.

Анкетата, пак, спроведена меѓу дамите постари од 50 години, покажува дека дури 60 отсто од нив сметаат дека жените постари од 39 години не треба да се откажат од бикинито и слободно може и понатаму да го носат, независно од возраста.

Меѓутоа, само 16,8 отсто од нив рекле дека планираат да купат бикини, додека 13,2 истакнале дека не им се допаѓа идејата да пробуваат бикини во продавница.

Резултатите ја натераа 59-годишната супермоделка Мари Хелвин да позира во серија бикини наменета за жените од сите возрасти и телесни градби, која сакала да покаже дека на жените не треба им се негира правото да носат бикини, само поради тоа што навршиле одредена годишна граница.

- Реклама -