Бронзената статуа на бик пред американската берза во Њујорк ќе биде преместена на побезбедна локација во наредните денови.
Статуата која што се наоѓа на прометиниот дел од Вол Стрит, е мета на туристите кои што постојано сакаат да се фотографираат ќе биде преместена.
Официјалните лица потврдија дека откако е решено бронзената склуптура да биде релоцирана,почнало да се прави долга редицата на оние кои сакале фотографија со познатата бронзена скулптура на американски скулптор со италијанско потекло, Артуро ди Модице.
Скулптурата со бикот е висока 3,4 метри, долга 4,9 метри и тежи 3,200 фунти.
Огромната склуптура прикажува paзjapeн бик кој е спремен за нaпaд.
Изгледот на бикот покажува моќ и сила. Инаку склуптурата со бикот е популарна туристичка дестинација и привлекува илјада луѓе дневно, оваа склуптура е една од најпознатите слики во Њујорк и икона (обележје) на Вол Стрит.
Според легендата, триењето на носот на бикот и роговите носи среќа.