„Билд“: Германија на Украина ќе и испорача 4.000 дронови контролирани од вештачка интелигенција

Германија од декември ќе почне да и испорачува на Украина 4.000 високотехнолошки дронови контролирани од вештачка интелигенција (ВИ) и заштитени од уреди за електронско војување, кои веќе се користени во борбите на југот и истокот на Украина, јавија денеска германските и украинските медиуми.

Германската компанија „Хелсинг“, која се занимава со вештачка интелигенција, годинава потпиша договор со Министерството за одбрана на Украина за набавка на 4.000 дронови, пишува „Билд“ повикувајќи се на изјава на германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Писториус по масовниот руски воздушен напад врз Украина вчера наутро изјави дека е среќен што испораката на овие дронови за напади со вештачка интелигенција ќе започне „веднаш“, пренесува агенцијата Укринформ.

Прочитајте и:  Во Балтичко Море оштетен и подводниот телекомуникациски кабел што ги поврзува Шведска со Литванија
- Реклама -