Биро на кое може да си дремнете на работа (видео)

Иако спиењето на работа не е пожелно, еден дизајнер креирал биро наменето токму за тоа.

На бирото се наоѓа мал душек на кој уморните работници може да си ја одморат главата во својата канцеларија. На еден дел на бирото е поставена и дрвена работна површина.

27-годишниот дизајнер Ник ДеМарко се надева дека неговиот изум ќе ги охрабри луѓето малку поопуштено да гледаат на работата. Тој ја опишува оваа работна маса како практично и удобно средство за ослободување од стресот.

„Бирото не е дизајнирано за работниците да спијат цел ден“, рекол ДеМарко.

- Реклама -