Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Одговорајќи на новинарски прашања по конференцијата за миграција на работна сила, Битиќи информира дека е обезбеден и гас.
„ЕСМ и ‘Адора’ влегуваат во преговори кои мора да се согласно сите законски прописи и процедури. Сѐ што е возможно ќе се направи. Ние велиме дека топлинска енергија за граѓаните секако ќе има и тие треба да бидат спокојни. Да, обезбеден е и гас. Кој е изворот е најмалку важно, важно е да има гас“, рече Битиќи.
Според него, Одлуката на РКЕ, која е независно тело, може да се побара, а членот три е јасен и дециден.
„Дојдено е време да читаат и да толкуваат треба тие што тоа го знаат. Граѓаните само треба малку повеќе да веруваат. Како што во јануари обезбедивме топлинска енергија кога бевме оставени на цедило, така и сега топлинска енергија за граѓаните на Скопје ќе има. Независно дали е ЕСМ или БЕГ, граѓаните ќе добијат топлинска енергија. Бидејќи од однесување на прватниот партнер не сум задоовлен, би сакал тоа ЕСМ да го направи“, истакна вицепремиерот и уште еднаш порача дека од закон никој не може да се огради.
МИА