Битиќи и Шкријељ: Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе ја замолчиме националистичката реторика

„Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе го поразиме стравот од различностите и ќе ги замолчиме националистите на 8-ми мај, застанете рамо до рамо со нас во градењето на општество во кое нема да има поделби“, порачаа во видео обраќање до, како што велат од СДСМ, „целата прогресивна јавност“ Фатмир Битиќи и Санела  Шкријељ – кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2.

Битиќи ветува иднина во која за секого ќе има место, во која секој ќе биде достоинствено прифатен.

„Македонија е многу повеќе од било која политичка партија, таа е на сите нас, Бошњаци, Албанци,  Македонци, Срби, Турци, Роми,  Власи, Торбеши –  на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе,  и тоа многу повеќе отколку што бевме во првиот круг на претседателските избори.  Ве повикувам, застанете рамо до рамо со нас во градењето на општество во кое секоја различна нишка е вткаена во ткивото на единството.  Каде што ќе нема повеќе поделби врежани во камен, ќе нема ѕидови кои не раздвојуваат“, порача своето обраќање Шкријељ.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

„Во нашата Македонија етничката припадност, верата и идеологијата се вкрстуваат – не како борбени линии, туку како сојузници во заедничката и споделена европска иднина“, додава Битиќи.

Обраќањето беше споделено и со видео пораки на мајчиниот јазик на кандидатите за пратеници, албанскиот и босанскиот јазик, преку што тие и СДСМ, велат од партијата, ја потврдуваат заложбата за Едно општество за сите.

- Реклама -