Битолчанец излетал од пат, загинал на лице место

На регионалниот пат Ѓавато-Тополчани, кон селото Могила, излетало возило „Ауди“, а 40-годишниот возач загинал на лице место.

Овој настан е евидентиран во дневниот билтен на МВР:

На 24.12.2017 година во 20,35 часот на пат Р 1101 Ѓавато – Тополчани (стар пат) во близина на туланата во правец кон крстосницата за с.Могила, возило „Ауди“ со битолски регистарски ознаки управувано од Р.Г.(40) од Битола излетало од коловозот, при што возачот починал на лице место. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство
- Реклама -