Во основа, полимагнетите се програмирани магнети кои се специјално дизајнирани да имаат својства какви што не сте виделе порано.
Познато е дека магнетите имаат два пола кои лежат на спротивните страни на површината на магнетот. Кога ќе споите два магнета заедно, тие се одбиваат или се привлекуваат во зависност од типот на полот кој сте го доближиле. Спротивните магнетни полови се привлекуваат, истополовите површини се одбиваат.
Не и кај полимагнетите. Кај нив, една страна од магнетот може да има неколку магнетни полови, не само еден. Ова е важно бидејќи магнетните полиња значително се разликуваат од оние кај нормалните магнети.
Во нормален магнет, невидливото магнетно поле го напушта северниот магнетен пол и оди сé до јужниот. Кај полимагнетот, со оглед на тоа дека јужен магнетен пол може да постои веднаш до северниот, магнетното поле е многу помало и акумулирано на површината на магнетот, бидејќи полето не мора да патува сé до другата страна на магнетот.
Резултатот е извонреден. Доближувањето на два полимагнета предизвикува однесување какво што не сме можеле да замислиме. Да не објаснуваме напразно, најдобро е да го погледнете: