BlackBerry Z10 хит во светот: Еден купувач нарачал милион телефони!

BlackBerry објави дека компанијата продала милион примероци од својот нов телефон Z10. Оттаму не навеле кој е купувачот, но нагласиле дека се работи за најголемата индивидуална нарачка на телефони во историјата.

Претходно беше објавено дека германската Влада го купила овој модел за својата канцеларка, министри и други службеници во Владата на најмоќната европска земја поради неговата сигурност.

BlackBerry Z10 е сосема нов оперативен систем дизајниран за смартфони со екрани чувствителни на допир и таблети, а продажбата на овој модел ќе започне следниот месец.

[youtube]http://youtu.be/wtYIDxp-JyY[/youtube]

- Реклама -