Блејк Грифин нема да игра во Лондон

Блејк Грифин нема да може да настапи за „Тимот од соништата“ на САД на претстојните Олимписки Игри во Лондон, поради повреда.

Супер талентираниот кошаркар на ЛА Клиперс заработи нова незгодна повреда на коленото, идентична на онаа од плејоф дуелот со Мемфис Гризлис. По консултациите со лекарскиот тим на американската репрезентација, Грифин реши да замине на операција на менискусот за целосно да ги надмине проблемите и да биде максимално подготвен за стартот од новата НБА сезона.

Од таборот на американскиот национален тим стигна информацијата дека местото на Грифин ќе го заземе Ентони Дејвис, првиот пик на овогодинешниот драфт, којшто ќе има можност да заигра крај Леброн Џејмс, Коби Брајант, Кевин Дурент и останатите мега ѕвезди на НБА лигата во походот по ново олимписко злато.

Прочитајте и:  Трамп најави дека на 20 јануари ќе воведе царини за производи од Кина, Канада и Мексико

Впрочем, тој настапи десетина минути на контролниот натпревар со Доминиканската Република што САД го доби со преубедливи 113:59, со што веднаш му се стави на располагање на стручниот штаб на националниот тим.

- Реклама -