Британската хеви-метал група „Блек Сабат“ и легендарниот Ози Озборн организираа незаборавен и историски последен настап, придружен со значаен добротворен проект. На настанот кој се одржа на стадионот „Вила Парк“ во Бирмингем, Англија, под мотото „Назад кон почетокот“, успеаја да соберат речиси 200 милиони долари за три различни хуманитарни организации, според зборовите на Том Морело од „Рејџ Агенст Д’Машин“, кој беше музички директор на целодневниот настан.
„Наша цел не беше само да организираме најголем ден во историјата на хеви метало, туку и да собереме значајни средства за важна кауза. Со присуството на многу талентирани музичари, бендови и обожаватели од целиот свет, му оддавме почит на великаните на музиката“, напиша Морело на својата Инстаграм страница.
Според локалните медиуми, сите средства од настанот се наменети за хуманитарни цели. Организациите што ќе ги добијат парите вклучуваат „Лек за Паркинсоновата болест“, Детската болница во Бирмингем и Детската болница „Акорн“. И Ози, заедно со неговата сопруга Шерон Озборн, активно ги поддржуваат овие добротворни иницијативи.
„Ова не очекувавме, и навистина сме пресреќни!“, изјави Шиба Али, менаџер за собирање средства во Детската болница во Бирмингем.
На настанот присуствуваа околу 40.000 посетители, додека 5,8 милиони луѓе го следеа концертот преку интернет.




