Кандидатот за претседател Блерим Река упатил протестна нота до Албанската амбасада во Северна Македонија, а од албанското МНР ќе побара разрешување на Имер Селмани, кој е актуелен почесен конзул на Албанија со седиште во Битола, објави „1ТВ“.
Река протестира против вмешувањето на Селмани во претседателската кампања на Стево Пендаровски, со што, вели, Селмани отворено ја поддржа неговата кандидатура и политички се определи. Од штабот на Река истакнуваат дека тоа е злоупотреба на позицијата почесен конзул на Република Албанија поради лични интереси, и не им служи на чест ниту на двете земји, ниту на граѓаните на Северна Македонија.
За потсетување, на вчерашната Конвенција во салата „Борис Трајковски“, Селмани, кого Пендаровски го најави како „македонскиот Барак Обама“, порача дека Пендаровски е „олицетворение на идејата за заедничка Македонија“ и „најдобрата инвестиција за секој од нас на овие избори“.