Блинкен: Единствениот начин да се гарантира безбедноста на Израел е формирањето на палестинска држава

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави денеска дека единствениот начин да се гарантира безбедноста на Израел е формирањето на палестинска држава.

„Тоа е најдобриот пат, можеби единствениот – две држави за два народа. Тоа е единствениот начин да се гарантира трајна безбедност за еврејскиот и демократски Израел и единствен начин да се гарантира дека Палестинците ќе ги реализираат своите легитимни аспирации за сопствена држава“, рече Блинкен по средбата со израелските лидери во Тел Авив.

Тој претходно изјави дека Израел има право и должност да се заштитува, за да гарантира дека нападот од 7 октомври никогаш повеќе нема да се повтори

Ова е негова втора посета на Блискиот Исток по почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

„Остануваме убедени дека Израел има не само право, туку и должност да се заштитува и да направи сè што е во негова моќ за да не се повторат нападите од 7 октомври“ на палестинското исламистичко движење против еврејската држава, рече Блинкен по состанокот со израелскиот претседател Јицак Херцог.

Американскиот државен секретар изутрината се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој денеска е во Израел, а викендот ќе го посети Јордан.

МИА

- Реклама -