Блинкен до Лавров: Анексијата на Украина никогаш нема да биде прифатена

Фото: Блинкен и Лавров на средба во Женева, јануари 2022

Вашингтон, 29 јули 2022 (МИА) – Американскиот државен секретар Антони Блинкен му порача на својот руски колега Сергеј Лавров дека руската анексија на Украина никогаш нема да биде прифатена, јави ДПА.

Блинкен појасни дека освен на тема за можна размена на затвореници, тој го одржал разговорот со Лавров во конекст на неодамнешните изјави од Кремљ за плановите да се продолжи со понатамошна анексија на украинската територија.

Тој ги коментираше зборовите на самиот Лавров за уривање на демократски избраната украинска влада, велејќи: „Тие планови никогаш нема да бидат прифатени“.

„Светот нема да признае анексии, ќе ѝ наметнеме дополнителни значителни трошоци на Русија доколку таа продолжи со своите планови“, соопшти Блинкен по првиот разговор меѓу двајцата министри од почетокот на војната во Украина.

Прочитајте и:  Вонредно обраќање на Путин до нацијата во врска со војната во Украина

„Ние, исто така, ќе продолжиме да стоиме со поддршката на Украина за нејзината способност да се брани и да наметне загуби за Русија додека таа не стави крај на својата агресија“, рече Блинкен.

Американскиот државен секретар изјави и дека разговарал со неговиот руски колега за можното ослободување на двајца американски државјани затворени од Москва.

Тој соопшти дека имал „искрен и директен разговор“ за понудата за ослободување на американската кошаркарка Бритни Гринер и на Пол Вилан.

„Го притиснав Кремљ да го прифати суштинскиот предлог што го дадовме за ослободување на Пол Вилан и Бритни Гринер“, рече Блинкен.

- Реклама -