Блинкен му вети на Зеленски одржлива американска поддршка за Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вети одржлива американска поддршка за Украина на денешната средба со претседателот Володимир Зеленски, и покрај спорот во американскиот Конгрес за одобрување на ново финансирање.

– Ние сме решени да ја одржиме нашата поддршка за Украина и многу тесно соработуваме со Конгресот со цел да го постигнеме тоа. Знам дека нашите европски колеги ќе го сторат истото, му пренесе Блинкен на Зеленски на средбата одржана на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на претседателот Џо Бајден, се приклучи на состанокот и му порача на Зеленски дека САД и сојузниците се решени „да обезбедат неуспех за Русија и победа за Украина“.

Прочитајте и:  Путин: Русија истрела балистичка ракета со среден дострел кон Украина

Зеленски се заблагодари на администрацијата на Бајден и на „двопартиската поддршка“ во американскиот Конгрес.

- Реклама -