Блинкен: САД и нивните партнери работат неуморно за да избегнат војна од целосен размер во Либан

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска дека ризикот од ескалација на Блискиот Исток е „акутен“ и дека Вашингтон и неговите сојузници неуморно работат за да избегнат војна од целосен размер меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах поврзана со Иран.

„За Либан, ние работиме неуморно со партнерите за да избегнеме целосна војна и да преминеме кон дипломатски процес што ќе им овозможи на Израелците и Либанците да се вратат во своите домови“, рече  во Њујорк американскиот државен секретар на почетокот на неговата средба со високи официјални лица и министри на Советот за соработка во Персискиот залив.

„Ризикот од ескалација во регионот е акутен… Најдобар одговор е дипломатијата, а нашите координирани напори се од витално значење за да се спречи понатамошна ескалација“, додаде Блинкен.

Прочитајте и:  Хамнеи: Апсење не е доволно, треба смртна казна за израелските лидери

Според висок претставник на Стејт департментот, оваа недела САД и нивните сојузници и партнери истражуваат конкретни идеи на маргините на Генералното собрание на ОН, настан на кој се собираат десетици шефови на држави и високи функционери.

- Реклама -