Блинкен: САД ќе обезбедат дополнително воено финансирање за Украина во износ од две милијарди долари

САД ќе обезбедат дополнително воено финансирање за Украина во износ од две милијарди долари, соопшти денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен, цитиран од светските агенции.

Тој го соопшти ова на заедничката прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Киев.

„Новиот пакет воена помош ќе биде насочен кон инвестирање во индустриската база на Украина“, рече Блинкен.

Тој исто така рече дека САД итно ќе испратат муниција, оклопни возила, проектили и опрема за противвоздушна одбрана во Украина за да обезбедат нивна брза испорака до линиите на фронтот додека украинските сили се обидуваат да ја одбијат руската копнена офанзива во североисточниот регион Харков.

Прочитајте и:  Велика Британија одбива да коментира дали Украина користела „Сторм Шедоу“ проектили против цели во Русија
- Реклама -