Блинкен: Животите на Евреите не се поважни од тие на Палестинците, точка

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека ситуацијата во Појасот Газа е многу вознемирувачка.

Зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос денес, Блинкен рече дека остануваат прашањата за најефективниот начин да се достави хуманитарна помош во Газа и да се намалат цивилните жртви.

На прашањето дали животите на Евреите се поважни од животите на Палестинците за САД, тој одговори: „Не. Точка“.

Тој, исто така, ја означи војната во Газа како „одлична можност за регионализација на Блискиот Исток“, додавајќи дека повеќе арапски земји сакаат да имаат односи со Израел.

Блинкен оцени дека тие земји се апсолутно убедени, како и САД, дека тоа мора да вклучува пат до палестинска држава.

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас
- Реклама -