Додека светот го славеше дочекот на новата година, две мајки ги родија последното бебе за 2013-та и првото во 2014-та година. Иако се родени само со неколку минути разлика, бебињата близнаци влегоа во светот во две различни години.
На 31-ви декември 2013-та година во 11:58 часот, Јалени Сантос Тохалино го роди своето прво бебе девојче Лораине Јалени Бегазо, кое тежи 2.5 кг. во МедСтар болница во Вашингтон, Д.С.
Набргу потоа, нејзиниот брат близнак Брендон Фердинандо Бегазо е роден на 1-ви јануари 2014-та година во 00:01 часот, со тежина од 2 кг.
„Се чуствувам прекрасно и полна со радост и среќа и со полна смисла на остварување“, изјавил таткото на близнаците Ворен Бегазо. „Ова се нашите први деца и тие се прекрасни и таа е навистина среќна.“
Во Торонто, две женски бебиња близнаци исто така беа родени во 2013-та и 2014-та година. Во Трилиум здраствена болница, постарата сестра Габриела Салгуеиро е родена на 31-ви декември 2013-та во 23:52, и тежи 3 кг. На 1-ви јануари 2014-та во 00:00:38 е родена помладата сестра блзиначка Софиа Салгуеиро која тежи 2.5 кг.
„Тие на еден начин добија златен билет. Тие добија различни родендени“, изјавила мајката на близначките, Линдзи Салгуеиро. „Тие ќе бидат најдобри пријатели до крајот на животот.“
Двете мајки и бебиња се здрави и со нетрпение чекаат да се одат дома.