Bluetooth Beartek – чудо од ракавици

Љубителите на гаџети веројатно најмногу ја мразат зимата од сите годишни времиња. Зимата е единственото годишно време кога смрзнуваат врвовите од прстите, а и смартфоните понекогаш откажуваат.

Воедно, ракавиците кои ни ги затоплуваат рацете и ни помагаат да издржиме и кога температурата е под нулата, се некомотни и со нив тешко се управува и волан од автомобил, а не па тастатури и смартфони. Токму затоа Beartek се чудо од ракавици и со самиот допир на палецот од било која рака со било кој прст, самата ракавица е програмирана да активира најразлични апликации од телефонот!

Користејќи Bluetooth или Wi-Fi, Beartek ракавиците можат да се синхронизираат со вашиот смартфон и може да се конфигурираат да одговараат на повици, да ја контролираат музиката, па дури и да снимаат видео благодарение на GoPro.

[youtube]http://youtu.be/dZ4NPwTSxtI[/youtube]

Beartek ракавиците се достапни во 3 модели – еден за мотоциклистите, вториот модел е наменет за снег и екстремно ниските темеператури и третиот модел е всушност секојдневната класична верзија.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -