Блумберг: САД размислуваат за забрана на руски алуминиум, со далекусежни импликации за глобалниот пазар

Вашингтон, 12 октомври 2022 (МИА) – Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден размислува за целосна забрана на увоз на руски алуминиум како одговор на руската воена ескалација во Украина, пренесува Блумберг.

Белата куќа, наводно, разгледува три опции: целосна забрана, зголемување на тарифите на толку високо ниво што би можеле да бидат еквивалентни на забрана, или санкции против Русал.

Ваквиот потег би имал далекусежни импликации за глобалниот пазар на алуминиум, што потенцијално ќе ги остави потрошувачите во САД и на други места да се обидуваат да најдат заменски метал.

По Кина, Русија е втор најголем светски производител на алуминиум, кој е клучен за повеќето тешки индустрии.

Прочитајте и:  Пентагон: Нема знаци на присуство на севернокорејски војници во Украина

Само во САД, руските пратки традиционално сочинуваат околу 10 отсто од вкупниот увоз на алуминиум, а податоците покажуваат дека Русија е трет најголем извозник во САД во август.

- Реклама -