BMW гледа се!

termalllТермалната камера поставена
во долниот преден дел на колата, му овозможува на возачот да детектира
луѓе, животни и објекти на патот пред тие да станат видливи за
човечкото око во радиусот на предните светла.


 
termalll

Термалната камера поставена во долниот преден дел на колата, му овозможува на возачот да детектира луѓе, животни и објекти на патот пред тие да станат видливи за човечкото око во радиусот на предните светла.

Сликата е генерирана од специјален систем, а потоа пренесена до централната контролна табла која се наоѓа во колата. Покрива радиус од околу 300 метри пред траекторијата на колата.

Високата технологија е составен дел од новите модели од седмата серија на BMW, а оваа опција е истотака достапна и кај „петките“. Со овој додадок во автомобилите на BMW, значајно се зголемува сигурноста на сите учесници во сообраќајот.

За кратка видео презентација, продолжете на овој линк.

- Реклама -